АЦВ и Упрвата за финансиска полиција потпишаа Меморандум за соработка

Директорите на Агенцијата за цивилно воздухопловство и на Управата за финансиска полиција, Драги Стојаноски и Слободан Ивановски, потпишаа Меморандум за соработка, со кој се утврдуваат облиците и начинот на соработката меѓу двете институции, во насока на зголемување на ефикасноста и ефективноста при размена на податоци по електронски пат, од делокругот на своето работење.
Размената на информации, како и пристапот до податоци ќе се врши на начин што, Агенцијата за цивилно воздухопловство на определена електронска адреса на Управата за финансиска полиција во електронска форма, ќе ги достави податоците содржани во Регистарот на впишани воздухоплови на Република Северна Македонија и тоа: податоци за датумот на регистрација, година на производство, регистарска ознака, тип и модел на воздухоплов, сериски број, претходна регистерска ознака, име на сопственик/ корисник со податоци за ЕМБГ на физичко лице, ЕМБС или ЕДБ за правно лице, адреса и други податоци со кои располага институцијата.
По секоја извршена промена во Регистарот на впишани воздухоплови, Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ја извести Управата за финансиска полиција и ќе достави ажурирана верзија од Регистарот на впишани воздухоплови на определената електронска адреса.
Управата за финансиска полиција, добиените податоци може да ги користи исклучително во согласност со своите законски надлежности, со тоа што е должна да ги заштити од неовластено користење односно злоупотреба.
Со потпишувањето на овој документ, двете институции, се обврзаа да се придржуваат кон прописите за заштита на личните податоци, но и веднаш да ја известат другата договорна страна, при евентуално сознание за неовластен пристап до податоците што се предмет на размена.
Меморандумот стапува на сила со денот на неговото потпишување.
Архива
- 19.03. Информација до јавноста
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк
Архиви
Календар
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | |||
5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 |
12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 |
19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 |
26 | 27 | 28 | 29 | 30 | 31 |