Експертска мисија на ЕУ TAIEX за имплементација на барањата за воздухопловна медицина во областа на цивилното воздухопловство
		
Во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство, од 6 до 8 октомври 2025 година, во Скопје, се одржа TAIEX експертска мисија, со цел имплементација на воздухопловните барања во областа на воздухопловната медицина. Настанот беше поддржан и спонзориран од Европската унија преку Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија.
Тридневната мисија ја реализираше г-ѓа Матилда Франковиќ–Рендулиќ, воздухопловен експерт и инспектор за воздухопловна медицина при хрватската Агенција за цивилно воздухопловство. На настанот учествуваа претставници од Агенцијата за цивилно воздухопловство, Министерството за транспорт, овластени испитувачи за воздухопловна медицина, како и специјалисти од ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“ – Скопје, ПЗУ „Неуромедика“ и ПЗУ „Ремедика“.
Во рамки на работните сесии беа разгледани применливите регулативи и стандарди на Република Северна Македонија и Европската унија, медицинските аспекти, грижата за здравјето и безбедноста на воздухопловниот персонал, како и практични примери и искуства од оваа област.
Примарната цел беше да се процени степенот на спроведување на воздухопловните барања во областа на воздухопловната медицина и да се обезбеди детално запознавање на персоналот со обврските кои произлегуваат од регулативите на ЕУ (Regulation No. 1178/2011 и Regulation No. 2015/340).
Овие европски стандарди и прописи ги регулираат аеромедицинските барања за пилотите, контролорите на летање и останатиот воздухопловен персонал, вклучувајќи го и процесот на издавање на аеромедицински сертификати, оценувањето на медицинската способност на кабинскиот екипаж, како и улогата и одговорностите на медицинските центри (AeMCs), аеромедицинските испитувачи (AME), општите лекари (GMPs) и лекарите за медицина на трудот (OHMPs).
Експертската мисија овозможи целосен преглед на клучните задачи и процеси утврдени во европските регулативи, со фокус на унапредување на знаењата за регулаторните барања и хармонизација на процесите за сертификација во областа на воздухопловната медицина. Посебен акцент беше ставен на подобрување на компетенциите и практичните вештини на учесниците, размена на искуства и усвојување на најдобрите европски практики за ефективна имплементација на медицинските прегледи и процедури поврзани со издавање и обновување на уверенија за медицинска способност.
За време на експертската мисија беа користени различни методи и алатки за обука – теоретски и практични примери, дискусии, анализа на документација и студии на случај, со цел унапредување на професионалните стандарди и подобрување на безбедноста во воздухопловниот сектор.
Архива
- 19.03. Информација до јавноста
 
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
 
- 24.02. In Memoriam
 - 24.02. Последен поздрав
 
- 18.04. Соопштение за јавноста
 - 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
 
- 12.07. Соопштение
 - 24.06. Известување
 
- 24.01. Известување
 
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
 - 14.06. Јавен Повик
 
- 27.11. Известување
 - 20.11. Известување
 - 30.03. Известување
 
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
 - 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
 
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
 - 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
 - 09.01. Eurocontrol SLO
 
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
 - 12.07. Внимание
 
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
 - 28.10. Благодарница
 - 17.08. Повик за волонтирање
 - 11.07. Повик за волонтирање
 - 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
 
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
 - 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
 - 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
 - 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
 - 27.07. Грција остана без гориво
 - 07.06. Руски авион принудно слета
 - 03.06. Во Србија се урна воен авион
 - 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
 - 19.04. Европа останува приземјена
 - 16.04. Пепелта ја парализира Европа
 - 18.03. Странците не’ прелетуваат
 - 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
 - 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
 - 24.02. Празно европското небо
 - 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
 - 18.02. Луфтханза пред штрајк
 
							
			
