Ве известуваме дека согласно направената безбедностан проценка од страна на Министерството за внатрешни работи, а во насока на непречено одвивање на изборниот процес, во периодот од 00:00 часот на 19.10.2025г. до 05:00 часот на 20.10.2025г. е издадена забрана за операции со воздухоплови без екипаж на целата територија на Република Македонија.

Со цел непречено и транспарентно информирање за изборниот процес, исклучок од оваа забрана ќе бидат само операторите кои оперираат за потребите на медиумите, а кои своите планирани летови ќе ги најават најдоцна до 22:00 чаот на 18.10.2025г. со пополнување на барање и достава на uas@caa.gov.mk