Во пријатен и динамичен амбиент, во саботата во Градскиот парк во Скопје, се одржа воздухопловно-едукативниот саем за млади – Air Fair 2025, под мотото „Делуваме денес — за воздухопловството утре!“.
Настанот, кој повторно ги обедини љубителите на авијацијата, младите ентузијасти и професионалците што го живеат небото, и годинава го збогати учеството на Агенцијата за цивилно воздухопловство која, и годинава го задржа приматот на сериозен и доверлив регулаторен орган, надлежен за одржување на безбедноста, сигурноста и ефикасноста на воздушниот сообраќај во земјава.

 

На својот промотивен штанд, на најпрофесионален начин, тимот на Агенцијата им овозможи на посетителите одблиску да се запознаат со клучните сегменти на воздухопловниот системод инспекциски надзор на безбедноста и сигурноста, преку аеродромските услуги, па сè до заштитата на правата на патниците.
Присутните имаа можност да поразговараат и со стручни експерти од различни области, кои секојдневно придонесуваат кон тоа воздушниот сообраќај во Македонија да биде безбеден, современ и во чекор со европските стандарди.

Посебно внимание беше посветено на најмладите посетители, за кои АЦВ подготви пријатно изненадувањеавиончиња и други пригодни подароци со печат на Агенцијата.Малите учесници со голема радост ги разлетаа авиончињата низ Градскиот парк, внесувајќи дополнителна живост и ентузијазам во настанот.

Air Fair и оваа година ја задржа својата меѓународна димензија, каде покрај  присуството на преставници на домашната авиоиндустрија, присуствуваа и гости од Унгарија и Србија, што придонесе настанот да биде уште побогат и поинспиративен.

Со секое издание, Air Fair станува повеќе од настан – мост меѓу младите соништа и професионалците кои го живеат небото.

АЦВ со гордост ја продолжува својата мисија да ја поддржува оваа иницијатива што ја промовира љубопитноста, знаењето и страста кон воздухопловството.