Агенцијата за цивилно воздухопловство на Република Северна Македонија и Центарот за управување со кризи (ЦУК), официјално го потпишаа Договорот за деловно-финансиска соработка, со кој ќе се унапреди безбедноста во областа на потрагата и спасувањето во цивилното воздухопловство.

 

Со овој документ се утврдува начинот на деловно-финансиска соработка, вклучително размена на информации, финансиска и логистичка поддршка, како и организирање на заеднички обуки, семинари и други активности поврзани со потрага и спасување.

Двете страни се согласиja на редовна координација и заеднички состаноци за разгледување на резултатите од соработката и идентификување на нови области за унапредување на САР системот. Финансиските средства се префрлуваат од Агенцијата до ЦУК согласно утврдените трошковници и согласно процедурите на ЕУРОКОНТРОЛ.

 

 

Потпишувањето на договорот претставува значаен чекор кон подобрување на оперативната координација и ефикасноста на операциите на потрага и спасување во Република Македонија.