Алфа ТВ, 05.05.2010

 

Сите летови од и за аеродромот во Даблин се откажани поради облакот од вулканска пепел од Исланд, соопштија денеска ирските воздухопловни власти.

Откако летовите над поголемиот дел од Ирска вчера беа запрени на неколку часа, денеска се откажуваат и сите летови од и за Даблин од десет часот по Гринич поради високата концентрација на пепел, што може да биде опасна за моторите на авионите.

За летовите од и за аеродромот на градот Шенон во западниот дел на Ирска нема ограничувања, додаваат властите и истакнуваат дека ќе околу пладне ќе објават нова информација за воздушниот сообраќај.Според британските синоптички служби многу веројатно е облакот со пепел да се придвижи во јужна насока што може да засегне попладнето аеродроми во северозападна Англија и северен Велс.