Македонија го презеде претседателството со комитетот RASARAC
		Во Охрид, на 22 февруари 2023 година, Северна Македонија го презеде од Црна Гора претседавањето со Регионалниот советодавен комитет за потрага и спасување во цивилното воздухопловство (RASARAC).
Република Северна Македонија од 2016 година е членка на овој Комитет, а досега неколку земји претседаваа со состаноците, меѓу кои Србија, Словачка, Словенија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Членството и досегашното вклучување во работата на RASARAC е од големо значење за македонското цивилно воздухопловство како начин за воспоставување посилна регионална соработка и стандарди во областа на потрагата и спасувањето.
„Преку RASARAC ќе ја подобриме прекуграничната соработка на регионално ниво за потрага и спасување, како и размената на искуства, добри практики и експертско знаење. За време на нашето претседавање со Комитетот, се предвидува интензивна соработка со земјите-членки на RASARAC, каде се планираат состаноци на експертски тимови, како и состанок на управен одбор на ниво на генерални директори на воздухопловните власти на земјите-членки. Исто така, имаме намера да организираме работилница со поддршка на Европската комисија, користејќи ја програмата TAIEX“, изјави Илир Мехмеди, раководител на Сектор за аеродроми и воздухопловна навигација во Агенцијата за цивилно воздухопловство на РСМ.
„Сакаме да ви посакаме успешна година и да продолжиме да работиме со сите вас, во интерес на подобрување на системот за потрага и спасување и воздухопловството во целост“, изјави Иван Шчекич, раководител на Сектор за воздухопловна навигација, во Агенцијата за цивилно воздухопловство на Црна Гора.
RASARAC е основан во 2016 година, а во неговата работа во моментов учествуваат 10 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Северна Македонија, Србија, Словачка, Словенија, Хрватска, Унгарија, Црна Гора и Чешка), а Грција и Албанија изразија интерес да се приклучат.
Формирањето на овој Комитет беше поддржано од Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) и ЕУРОКОНТРОЛ.
Архива
- 19.03. Информација до јавноста
 
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
 
- 24.02. In Memoriam
 - 24.02. Последен поздрав
 
- 18.04. Соопштение за јавноста
 - 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
 
- 12.07. Соопштение
 - 24.06. Известување
 
- 24.01. Известување
 
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
 - 14.06. Јавен Повик
 
- 27.11. Известување
 - 20.11. Известување
 - 30.03. Известување
 
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
 - 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
 
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
 - 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
 - 09.01. Eurocontrol SLO
 
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
 - 12.07. Внимание
 
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
 - 28.10. Благодарница
 - 17.08. Повик за волонтирање
 - 11.07. Повик за волонтирање
 - 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
 
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
 - 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
 - 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
 - 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
 - 27.07. Грција остана без гориво
 - 07.06. Руски авион принудно слета
 - 03.06. Во Србија се урна воен авион
 - 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
 - 19.04. Европа останува приземјена
 - 16.04. Пепелта ја парализира Европа
 - 18.03. Странците не’ прелетуваат
 - 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
 - 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
 - 24.02. Празно европското небо
 - 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
 - 18.02. Луфтханза пред штрајк
 
							
			

