АЦВ на состанок со воздухопловната индустрија

Во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство, на 24.04.2025 година, во просториите на Аероклубот Скопје на аеродромот Стенковец, се одржа работен состанок со претставници од организациите на воздухопловната индустрија во земјава на тема, “Примена на препораките од Регулативата (376/2014) на Советот на Европа и европскиот парламент, за пријавување, анализа и последователно постапување во врска со настани во цивилното воздухопловство
На состанокот, на кој учество земаа стручни лица од Агенцијата за цивилно воздухопловство и претставници од организациите на воздухопловната индустрија во државата беше направена и анализа на најното издание на Националната програма за безбедност во воздухопловството.
Работната средба беше од информативен, едукативен и промотивен карактер и имаше за цел да ја информира воздухопловната индустрија за промените во националната програма за безбедност, обврските кои потекнуваат со примената, состојбата со свесноста за пријавувањето на настани, слабости при примена на регулативата 376/2014, аналитички и статистички приказ како и дефинирање на методите за подобрување.
За таа цел, стручниот воздухопловен персонал од АЦВ, на присутните им промовираше упатства за зајакнување на културата за безбедност и подигнување на нивото на свесност за пријавување на настани.
На состанокот беа потенцирани и законски решенија за идентификација на опасностите и недостатоците со обработката на податоците од пријавените безбедносни настани, со цел, унапредување на безбедноста во цивилното воздухопловство и имплементирање на проактивен и предиктивен метод во менаџирање на воздухопловната безбедност.
По завршување на презентациите се отвори работна дискусија со која се дефинираа насоките кои треба да се следат со цел, подигнување на степенот на безбедноста на воздушниот сообраќај.
Архива
- 19.03. Информација до јавноста
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк
Архиви
Календар
П | В | С | Ч | П | С | Н |
---|---|---|---|---|---|---|
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 |