Директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство, г. Драги Стојаноски, овластен од Владата на Република Македонија, присуствуваше на Дипломатската конференција за Конвенцијата за Секретаријатот на Европската конференција за цивилно воздухопловство (ECAC). Конференцијата, одржана во Париз од 20 до 22 мај 2025 година, имаше за цел усогласување на текстот на Конвенцијата со која Секретаријатот на ECAC ќе стекне меѓународно правен субјективитет.

 

На крајот од Конференцијата, г. Стојаноски, заедно со овластените претставници на земјите членки, го потпиша Завршниот акт. Влегувањето во сила на Конвенцијата ќе се случи по ратификација од 22 земји членки, што претставува клучен чекор кон поефикасно и долгорочно стабилно функционирање на ECAC.