Љубица Станоева, ученичка во ООУ “Петар Поп Арсов”-о.Карпош, Скопје, ја освои првата награда на Ликовниот конкурс во организација на АЦВ и Министерство  за образование и наука на РСМ на Тема:-100 години македонско воздухопловство – ,,Сонувам како со воздухоплов летам, во чиста животна средина да слетам, во категоријата најдобра ликовна творба за деца на возраст од 7 до 9 години.

2 то место во истата категорија,  и припадна на Бисера Јаќимовска, од ООУ “Јоаким Крчовски”-Крива Паланка.

3 то место го доби Лана Лазаревска, ученичка во ООУ “11 Октомври” од Куманово.

Во категоријата, ликовна творба за деца на возраст од 10 до 12 години,

 1 то место му припадна на Стојкоски Горазд, ученик во “ООУ Александар Македонски”, о.Аеродром-Скопје,

2 то место на Христо Клековски, ученик во ООУ “Кочо Рацин”, Куманово,

и со 3 то место беше награден Ќендрим Пљакај,  ученик од ООУ “Лириа” од о.Чаир.

 Во категоријата, ликовна творба за деца на возраст од 13 до 15 години,

 1 то место и беше доделено на Ана Илиевска, ученичка во ООУ “Гоце Делчев”, о.Илинден, Скопје

2 то на Марија Димитрова, ученичка во ООУ “Димче А.Габерот”, о.Демир Капија

3 то место му припадна на Благојче Величковски, од ООУ “Кирил и Методиј”, о.Стајковци-Скопје

За изборот на најдобрите ликовни творби, одлучуваше посебна жири комисија, во чиј состав, партиципираа, наставник по ликовно  образование, преставник на МОН, како и вработени во Агенцијата за цивилно воздухопловство.

Свеченото доделување на наградите ќе се одржи на 7 јуни, 2023 година, со почеток во 12ч, во Културно Информативниот Центар во Скопје, каде официјално ќе биде отворена и изложба на сите пристигнати ликовни творби на тема,”Сонувам како со воздухоплов летам, во чиста животна средина да слетам”.

Наградите и признанијата на учесниците во првата, втората и третата категорија, ќе им ги додели директорот на АЦВ, д-р Томислав Тунтев.

АЦВ ја користи оваа прилика, да го изрази своето огромно задоволство од покажаниот интерес на учениците од основните училишта во земјава, да земат учество на конкурсот, и со тоа да го дадат својот придонес во изразувањето на личниот талент и визија, како за минатото, така и за  перспективите на македонското воздухопловство, гледано низ призмата на воздухопловните летала на иднината.

Агенцијата за цивилно воздухопловство, ги повикува сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на отворањето на изложбата, но и во третстојните два дена, колку што ќе трае истата, да ги погледнат изложените ликовни трудови, на младите креативци од земјава.

Повод за распишувањето на ликовниот конкурс од страна на Агенцијата за цивилно воздухопловство, во соработка со Министерството за образование е одбележувањето на јубилејот 100 години македонско цивилно воздухопловство.