Експерти од македонската АЦВ, во областа на обезбедувањето на цивилното воздухопловство, од 18 до 22 мај 2026 година, беа гости во седиштето на  Администрацијата за безбедност во сообраќајот на САД – Transportation Security Administration (TSA), во Вашингтон, САД, како дел од проектот за подршка и соработка „Balkan Spirit“.

Како резултат на успешната соработка и партнерство во областа на обезбедувањето во цивилното воздухопловство, АЦВ, доби признание од страна на TSA, за посветеноста на институцијата во унапредувањето на мерките за обезбедување во цивилното воздухопловство, како и за нејзиниот придонес во зајакнувањето на регионалната и меѓународната соработка во оваа област.

 

Во плакетата, TSA ја истакнува професионалната соработка со Агенцијата и нејзиното значајно влијание врз воздухопловната заедница преку континуирана посветеност кон највисоките безбедносни стандарди.

 

Ваквото признание претставува дополнителна потврда за успешната меѓународна соработка на Агенција за цивилно воздухопловство и нејзината активна улога во развојот и унапредувањето на воздухопловниот транспорт.