АЦВ и Управата за финансиска полиција со здружени сили за поголема транспарентност и ефикасност

Директорите на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Драги Стојаноски, и на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, потпишаа Меморандум за соработка кој отвора ново поглавје во меѓуинституционалната координација. Со овој документ, двете институции со здружени сили влегуваат во координирана мисија за подобра размена на податоци и информации, преку модерна, безбедна и ефикасна електронска комуникација.
Целта на меморандумот е во насока на зголемена ефикасност и ефективност во справувањето со обврските и надлежностите, преку прецизно утврдени форми и начини на соработка. Размената на информации ќе се врши по електронски пат, при што Агенцијата за цивилно воздухопловство ќе ѝ доставува на Управата за финансиска полиција податоци од Регистарот на впишани воздухоплови на Република Северна Македонија – како што се, датум на регистрација, тип и модел на леталото, сериски број, сопственик или корисник со целосни податоци, и други релевантни информации.
Секоја измена во регистарот автоматски ќе биде проследена до Управата, со што се гарантира континуирана ажурност и транспарентност.
Податоците ќе се користат исклучително во рамки на законските надлежности на Управата за финансиска полиција, која е должна да обезбеди нивна целосна заштита од неовластен пристап или злоупотреба.
Со потпишувањето на овој Меморандум, се поставува темел за посовремен, поефикасен и посигурен институционален пристап кон управувањето со информации од стратешко значење. Документот стапува на сила веднаш со неговото потпишување – симболично означувајќи ново ниво на одговорност и меѓусебна доверба на ниво на двете институции.
Архива
- 19.03. Информација до јавноста
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк