Експертска мисија на ЕУ TAIEX за имплементација на барањата за воздухопловна медицина во областа на цивилното воздухопловство

Во организација на Агенцијата за цивилно воздухопловство, од 6 до 8 октомври 2025 година, во Скопје се одржа TAIEX експертска мисија, со цел имплементација на воздухопловните барања во областа на воздухопловната медицина. Настанот беше поддржан и спонзориран од Европската унија преку Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија.
Тридневната мисија ја реализираше г-ѓа Матилда Франковиќ–Рендулиќ, воздухопловен експерт и инспектор за воздухопловна медицина при хравстката Агенција за цивилно воздухопловство. На настанот учествуваа претставници од Агенцијата за цивилно воздухопловство, Министерството за транспорт, овластени испитувачи за воздухопловна медицина, како и специјалисти од ЈЗУ Градска општа болница „8 Септември“ – Скопје, ПЗУ „Неуромедика“ и ПЗУ „Ремедика“.
Во рамки на работните сесии беа разгледани применливите регулативи и стандарди на Република Северна Македонија и Европската унија, медицинските аспекти, грижата за здравјето и безбедноста на воздухопловниот персонал, како и практични примери и искуства од оваа област.
Примарната цел беше да се процени степенот на спроведување на воздухопловните барања во областа на воздухопловната медицина и да се обезбеди детално запознавање на персоналот со обврските кои произлегуваат од регулативите на ЕУ (Regulation No. 1178/2011 и Regulation No. 2015/340).
Овие европски стандарди и прописи ги регулираат аеромедицинските барања за пилотите, контролорите на летање и останатиот воздухопловен персонал, вклучувајќи го и процесот на издавање на аеромедицински сертификати, оценувањето на медицинската способност на кабинскиот екипаж, како и улогата и одговорностите на медицинските центри (AeMCs), аеромедицинските испитувачи (AME), општите лекари (GMPs) и лекарите за медицина на трудот (OHMPs).
Експертската мисија овозможи целосен преглед на клучните задачи и процеси утврдени во европските регулативи, со фокус на унапредување на знаењата за регулаторните барања и хармонизација на процесите за сертификација во областа на воздухопловната медицина. Посебен акцент беше ставен на подобрување на компетенциите и практичните вештини на учесниците, размена на искуства и усвојување на најдобрите европски практики за ефективна имплементација на медицинските прегледи и процедури поврзани со издавање и обновување на уверенија за медицинска способност.
За време на експертската мисија беа користени различни методи и алатки за обука – теоретски и практични примери, дискусии, анализа на документација и студии на случај, со цел унапредување на професионалните стандарди и подобрување на безбедноста во воздухопловниот сектор.
Архива
- 19.03. Информација до јавноста
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк