АЦВ одржа работилница за промоција на безбедноста во воздухопловството во Штип
Агенцијата за цивилно воздухопловство, во рамки на Националната програма за безбедност во воздухопловството, на 16 април 2026 година организираше работилница за промоција на безбедноста, која се одржа на спортскиот аеродром Штип (LWST), во просториите на Школата за пилоти „Rimin Air“.
Работилницата беше посветена на унапредување на безбедносната култура во воздухопловната индустрија, преку едукација, размена на искуства и зајакнување на соработката помеѓу институциите и индустријата. Промоцијата на безбедноста претставува еден од четирите столба на системот за управување со безбедноста (SSP/SMS), согласно стандардите на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO).
Во рамки на работилницата беа одржани четири презентации кои опфатија значајни теми од областа на воздухопловната безбедност.
Презентацијата посветена на Националната програма за безбедност во воздухопловството (издание 2026) ги опфати стратешките цели, индикаторите за безбедност и нивната примена во насока на подобрување на безбедносните перформанси.
Во делот за пријавување на воздухопловни настани, учесниците беа запознаени со законската рамка согласно Регулативата (EU) бр. 376/2014, како и со значењето на системот за пријавување во процесот на идентификација на опасности и управување со ризици. Беше нагласено дека навременото и доследно пријавување на настани претставува основа за превенција и унапредување на безбедноста во воздухопловството.
Дополнително, беше презентиран системот за пребарување и спасување (SAR) во Република Северна Македонија, при што беше ставен акцент на координацијата помеѓу надлежните институции и потребата од понатамошно јакнење на капацитетите за негово ефективно функционирање.
Во рамки на работилницата беше обработена и програмата на ICAO – USOAP (Universal Safety Oversight Audit Programme), при што учесниците беа запознаени со процесот на инспекција, самооценување и функционирањето на USOAP CMA онлајн платформата. Беше истакната важноста од координиран пристап и високо ниво на подготвеност на сите субјекти, имајќи предвид дека активностите на ICAO опфаќаат и делови од индустријата.
Работилницата беше проследена со активна дискусија, при што учесниците имаа можност да поставуваат прашања и да разменат мислења за актуелни предизвици во областа на безбедноста.
АЦВ ќе продолжи со организирање на вакви настани со цел континуирано унапредување на безбедноста и зајакнување на партнерството со воздухопловната индустрија.
Архива
- 19.03. Информација до јавноста
- 04.01. Иницијатива Open Balkan Sky
- 24.02. In Memoriam
- 24.02. Последен поздрав
- 18.04. Соопштение за јавноста
- 15.03. СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА
- 12.07. Соопштение
- 24.06. Известување
- 24.01. Известување
- 22.06. 22 доктори летаа со балон
- 14.06. Јавен Повик
- 27.11. Известување
- 20.11. Известување
- 30.03. Известување
- 10.12. АЦВ стана членка на ЈARUS
- 13.06. АЦВ нема долг кон УЈП
- 18.04. АЦВ во посета на BHDCA
- 15.02. Дубаи се поврзува со Скопје
- 09.01. Eurocontrol SLO
- 16.11. Промотивен лет Дубаи
- 12.07. Внимание
- 09.11. Честит Kурбан Бајрам
- 28.10. Благодарница
- 17.08. Повик за волонтирање
- 11.07. Повик за волонтирање
- 02.03. ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
- 26.08. Евтините авиобилети утопија
- 13.08. Бразилците ќе ловат НЛО
- 30.07. „Боинг“ оствари помал профит
- 29.07. Воен авион се урна на Аљаска
- 27.07. Грција остана без гориво
- 07.06. Руски авион принудно слета
- 03.06. Во Србија се урна воен авион
- 19.04. Србија ер“ го наследува ЈАТ
- 19.04. Европа останува приземјена
- 16.04. Пепелта ја парализира Европа
- 18.03. Странците не’ прелетуваат
- 18.03. ЧСА ќе отпушти 130 пилоти
- 12.03. Поудобен лет – повеќе пари
- 24.02. Празно европското небо
- 21.02. Снегот го отежна сообраќајот
- 18.02. Луфтханза пред штрајк
Архиви
Календар
| П | В | С | Ч | П | С | Н |
|---|---|---|---|---|---|---|
| 1 | 2 | 3 | 4 | 5 | ||
| 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 |
| 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 |
| 20 | 21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 |
| 27 | 28 | 29 | 30 | |||
